X
 07.07.2026 Забава

Панда што се радува на куп лисја стана вирален хит

Видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи прикажува џиновска панда во јужнокорејскиот зоолошки парк „Еверленд“ која не може да ја сокрие возбудата поради огромен куп црвени есенски лисја. Штом ги забележува, пандата веднаш се стрчува кон нив, се нурнува во купот, се превртува и разиграно се тркала низ лисјата, а сцената воодушеви милиони гледачи низ светот.

Зоолошката градина „Еверленд“, која се наоѓа во близина на Сеул, е светски позната по семејството панди составено од родителите Ај Бао и Ле Бао. Двојката пристигнала од Кина во 2016 година како дел од програмата за меѓународна соработка за зачувување на џиновските панди.


Во 2020 година тие ја добија Фу Бао - првата џиновска панда родена во Јужна Кореја. Во 2023 година семејството се зголеми со уште две женски близначки Руи Бао и Хуи Бао, што претставуваше историски успех за програмата за размножување на панди во земјата.

Негувателите во „Еверленд“ редовно користат бамбус, дрвја, играчки, снег, мраз и купови лисја за да ги поттикнат природните инстинкти на пандите за истражување, качување и игра.

Извор: Kaldrma.rs
Фото: Screenshot/Instagram

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава