Кардиналот Роберт Превост, кој по националност е Американец, е избран за нов папа, соопштија од Ватикан. Тој го зема името Лав XIV.
Превост има 69 години, роден во Чикаго и од претходно се сметаше дека има многу од потребните квалитети за улогата.
Пред две години папата Франциск го избра Превост да го замени Марк Оулет како префект на Ватиканската дикастерија за епископи, предавајќи му ја задачата да ја избере следната генерација епископи.
Работел многу години како мисионер во Перу пред да биде поставен за надбискуп таму. Превост не се смета само за Американец, туку и за некој што ја предводел Папската комисија за Латинска Америка, пренесе неодамна
Би-би-си.
Фото: YouTube (screenshot)