За една од најпопуларните серии на сите времиња постојат стотици теории - за ликовите, случувањата и за дејствата. Новата теорија што неодамна беше претставена од фановите тврди дека постои еден специфичен начин на кој се убиени сите ликови во серијата.
Еден од фановите на „Редит“ постави неверојатна теорија на која се надоврзуваат останатите и ја потврдуваат - имено, сите ликови во серијата се убиени на истиот начин како што тие убиле некого.
Теоријата беше потврдена со анализа на смртта на повеќето од најважните ликови во серијата.
Нед Старк го употреби својот познат меч за да го погуби чуварот на Ноќната стража - тој го обезглави со својот меч. Џофри даде наредба да се убие Нед Старк - умре така што не можеше да зборува.
Лорд Тајвин беше виновникот што ја организира „Крвавата свадба“, каде што семејството Старк беше убиено со стрели. И тој загина од стрела кога го уби неговиот син Тирион.
Роуз Болтон го уби Роб Старк забивајќи му нож во срцето, а на ист начин заврши и тој.
Истото се случи и со Волдер Фреј. Тој беше дел од оние што ја организираа „Крвавата свадба“, нареди на Кејтлин Старк да ѝ биде пресечен вратот. Истата смрт ја дочека и тој, а му пресуди токму ќерката на Кејтлин и Нед Старк, Ајра Старк, која му го пресече вратот.
Ова не е крај на листата. Ремзи Болтон имаше навика да ги храни своите кучиња со луѓе, а на крајот стана храна за сопствените кучиња.
Се сеќавате на женската тројка од Дорн? Обара беше убиена од сопственото копје, Нимерија со својот камшик, а Тиен со својот омилен отров.
Олена Тајлер го отру Џофри, а и таа умре од отров.
Лиза Ерин обожаваше да ги фрла луѓето низ „Вратата на месечината“, а заврши на ист начин. Игрит се бореше со помош на стрели, па на ист начин беше убиена.
Фановите заклучија дека оваа листа е доста долга. Она што сега претставува вистински предизвик е дали
Серсеј ќе биде запалена поради масакрот што го направи или животот на Тирион ќе заврши во тоалетот поради начинот на кој го уби својот татко.