X
 20.06.2019 Култура

Избришана сцена од „Игра на троновите“ со Серси би го променила текот на настаните

Актерката Лина Хедеј која во „Игра на троновите“ ја глуми омразената кралица Серси, откри дека постои избришана сцена со која нејзиниот лик можеби би бил прикажан во друго светло и би ги објаснило некои од нејзините постапки.

Лина на една конвенција во Минхен откри дека во сцената, Серси го изгубила детето од нејзиниот брат. Оваа сцена била снимена кон крајот на седмата сезона, но на крај била избришана од серијaта.

- Таа сцена ми е драга затоа што мислам дека би ја прикажала на различен начин - изјави Лина.

Актерката претходно откри дека не била задоволна со начинот на кој умре Серси.

- Сакав подобра смрт за неа. Размислував за тоа како ќе умре бидејќи во оваа серија ликот може да си замине на различни начини. Бев помалку разочарана. Но, мислам дека никако не можеа да се задоволат сите очекувања, што и да се направеше - вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура