X
 09.04.2020 Технологија

Ерик Смит од „Пиксар“ вечерва гостува на M3CON конференцијата

Ерик Смит, директорот на фотографија во „Пиксар анимејшн студиос“, е следниот говорник на M3CON конференцијата.

Ерик Смит ја почнал неговата кариера во „Пиксар“ пред 18 години во одделот за осветлување на Monsters Incorporated. Освен што работи на компјутерска графика, тој е и сликар, фотограф и кинематографер, кој комбинира елементи од секоја дисциплина во неговата работа во „Пиксар“. Ерик помогнал во развојот на многу проекти во студиото, вклучувајќи Wall-E, The Incredibles и Piper.

Стримот можете да го гледате вечерва во 21:00 часот на следниот линк www.twitch.tv/m3ds_academy
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија