X
 10.07.2018 Образование

Дури 482 деца Роми не посетуваат настава во Шуто Оризари

Вкупно 482 деца Роми не посетуваат настава во двете основни училишта во скопската општина Шуто Оризари, покажуваат резултатите од истражувањето што во периодот мај-јуни годинава го спроведе Асоцијацијата „24 Вакти“ во рамките на проектот „Инклузија преку мобилизација“.


Според истражувањето, најкритичен е периодот од прво до петто одделение, кога најмногу децата Роми го напуштаат образованието.
- За исипувањето на учениците од основните училишта има неколку причини, како што се внатрешните и надворешните миграции и социо-економската ситуација кај Ромите - изјави Сали Мемед, координатор на проектот.

Најголем е процентот на 16-годишните деца кои се надвор од образовниот процес, по што следуваат оние со 15 и 14 години. Во дел од анализата направена по повод истражувањето се наведува дека не може да се очекува 14-годишни деца со завршено второ или трето одделение да се вратат во училишните клупи заедно со осумгодишните деца што редовно посетуваат настава и се трето одделение. Затоа, треба да се создадат посебни програми во рамките на редовното образование кои ќе овозможат проодност на овие деца во повисоките одделенија. Во Шуто Оризари работат училиштата „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26 Јули“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование