X
 10.12.2018 Живот

Нова Телеком продавница во зградата Флатирон во Кисела Вода

- На денот на отворањето, одредени модели мобилни телефони со Договор во Доверба 24 се намалени до 50 отсто

Македонски Телеком денеска ја отвори новата продавница во Кисела Вода, во зградата „Флатирон“. Продавницата има модерен концепт и освен уреди и услуги нуди уникатно мултимедијално доживување и персонален пристап, преку кој корисниците можат да го најдат она што најмногу им одговара, согласно нивните потреби и можности.

На денот на отворањето на продавницата во Кисела Вода, компанијата подготви специјално изненадување за корисниците, односно одредени модели мобилни телефони со Договор во Доверба 24 се намалени до 50 отсто.

Ова е втора Телеком продавница по ред која има зелен еко ѕид којшто, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот. Како и останатите Телеком продавници, така и новоотворената во Кисела Вода со својот интерактивен концепт, дополнително овозможува единствено корисничко искуство. Идејата на компанијата е што повеќе да се доближи до корисниците коишто преку интерактивно истражување и забава ќе се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот