Да бидеме реални, интернет-рандевуата се за никаде. Затоа една 27-годишна Корејка има малку невообичаена идеја.
Сокријте ги вашите потенцијални партнери зад маски и седнете ги пред вас додека се допишувате. Ако не друго, барем нема ризик од испраќање непристојни фотографии.
Прв чекор: Изберете го совршеното момче. Широки рамена? Проверено. Смешен? Проверено.
Втор чекор: Поминете ги следните триесет минути скратувајќи ја листата од десет кандидати чие лице не го гледате, а кои даваат сè од себе да го добијат вистинското внимание употребувајќи ги својот памет, телефонот и допишувањето.
Она што следува е лекција зошто требаше да учите повеќе литература додека одевте на училиште.
Не грижете се, има превод на англиски ако не разбирате корејски. Но, првиот совет е дека вашето корисничко име може или да ви помогне или да ви одмогне пред да имате шанса да кажете нешто повеќе од „здраво“.
Претпоставуваме дека оваа снимка направена од страна на Корејката
Софија не е иднината на телевизиските програми за рандевуа, а не сме сигурни ни дека сакаме да биде.
Но, ако на нешто нè учат дистописките телевизиски серии, тоа е дека не треба да бидеме изненадени ако излезе дека сите се роботички копии од нејзиното поранешно момче.