X
 11.05.2018 Живот

Ова е првата држава која бара сите нови домови да постават соларни панели

Со години Калифорнија е водечка нација во производството на соларни панели, вработувајќи повеќе од 86.000 работници во индустријата која се занимава со производството на соларни панели. Од минатата година оваа сојузна држава генерира околу 16 отсто од потребната енергија која ѝ е потребна само од соларна енергија.

Сега, оваа американска сојузна држава ќе стане уште позелена. Калифорнија стана првата американска држава која бара сите нови домови да имаат соларни панели. Оваа одлука беше донесена од страна на Комисијата за енергетика на Калифорнија и официјално ќе биде имплементирана во 2020 година.

Оттогаш новата политика се очекува да ги чини градителите на нови домови меѓу осум и 12 илјади долари. Иако трошоците се прилично високи, комисијата истакнува дека домаќинствата ќе заштесат околу 80 долари месечно на сметките за греење, ладење и осветлување со оваа обновлива технологија.

Единствениот начин за да се избегне оваа политика е ако домот нема место за соларни панели или ако соларните панели би биле блокирани од повисоки згради или дрва. Инаку, нема исклучоци.

Новото правило е дел од иниијативата до 2030 година Калифорнија да добива најмалку 50 отсто од потребите за енергија преку обновлива енергија.

Моментно Калифорнија е во првите редови на зелената револуција која се бори против политиките на администрацијата на Доналд Трамп. Откако Трамп најави поголеми царини за увезените соларни панели, компаниите во Калифорнија беа меѓу најпогодените. Компанијата „Сан Пауер“ мораше да отпушти околу три отсто од работната сила.


Фото: Pixabay

-Ќе мораме уште повеќе да ги намалуваме трошоците, едноставно немаме пари - истакна извршниот директор на компанијата, Том Вернер.

Со 80.000 нови домови кои се градат секоја година во Калифорнија, новата обврска ќе го зголеми годишниот број на соларни инсталации за 44 отсто. Како резултат на тоа, пазарот на соларни панели на Калифорнија и оние кои ги инсталираат ќе забележат напредок во бизнисот.

Њу Џерси, Масачусец и Вашингтон наводно разгледуваат слични идеи. Со оглед на тоа дека Калифорнија го расчистува патот, за другите сојузни држави ќе биде многу полесно да го направат истото.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот