X
 31.12.2017 Технологија

Во Кина е отворен соларен автопат


Соларни панели
(Фото: Reuters / Jean-Paul Pelissier)


Делница од автопат, обложена со соларни панели, во должина од еден километар е отворена во Кина заради тестирање, пренесува кинеската агенција „Синхуа“.

Соларните панели се поставени под патот што го заобиколува градот Џинан, на истокот од Кина, а самата површина на патот е проѕирна за да може сончевата светлина да продре до панелите.

Панелите покриваат 5.875 квадратни метри и можат да произведат милион киловат-часови електрична енергија годишно, што е доволно за да се задоволат потребите на 800 домаќинства, наведува компанијата што го изведува овој проект.

Електричната енергија што ќе се произведе на оваа делница ќе биде користена за осветлување на автопатот и на патоказите, како и за камерите, осветлувањето на тунелите и на куќичките за наплата на патарини.

Се планира во иднина да се развијат и функции за мобилно полнење на електрични автомобили, како и за обезбедување интернет-врски, наведува „Синхуа“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија