Соларните фарми наскоро би можеле да имаат витална улога во енергетскиот систем 24 часа на ден откако истражување покажа дека можат дури и да помогнат во балансирање на мрежата навечер. Британската компанија „Нешнел Грид“ користела соларна фарма во Источен Сасекс за да помогне во измазнување на ноќните флуктуации на напонот и докажа дека на соларните фарми не им е потребна сончева светлина за да помогнат во одржувањето на светлината во светилките.
Од компанијата „Лајтсорс БП“, која е сопственик на соларната фарма, истакнаа дека со ова докажале дека соларните погони може да играат поголема улога во електричната мрежа.
- Но, ова е само почетокот - вели Карин Бутонат, извршен директор за операции на компанијата.
Ова би можело да значи дека британските соларни фарми наскоро ќе помагаат во стабилизацијата на енергетската мрежа навечер, што би можело на Британците да им заштеди 400 милиони фунти за надградби на мрежата или за изградба на нови електрани. „Инвертерите“ на соларните фарми обично се користат во процесот на конвертирање на соларната енергија во електрична енергија. Но, навечер, кога мрежата често е помалку стабилна, истата опрема може да ја адаптира мрежната енергија на поздрав напон.
Во текот на ветровитите ноќи со многу енергија од ветриштата, а мала побарувачка, соларната фарма исто така би можела да спречи напонот на мрежата да се зголеми премногу. Исто така, може да спречи и преголемо опаѓање на напонот за време на мирните ноќи во зима, кога побарувачката често е
голема.
„Лајтсорс БП“ ќе изведе и второ испитување.