X
 12.01.2019 Култура

„Трепкај, трепкај, елкичке“ и на знаковен јазик

Деца од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас „Кочо Рацин“ од Битола гостуваа во новогодишната емисија „Светот на тишината“ на Македонската радио-телевизија. Емисијата се реализира на македонски говорен и на знаковен јазик.
Дефектологот Елена Петровска, која била дел од тимот што работел во подготовката на песната, ни изјави:
- Откако се појави „Светот на Биби“, со децата од Заводот не пропуштаме ниту една сказна или содржина. Многу брзо ја засакаа Биби, исто како и моето 2,5-годишно детенце дома. Песничката „Трепкај, трепкај, елкичке“ излезе два-три дена пред снимањето на емисијата, ама децата ја совладаа многу брзо. Биби е многу популарна кај нас и затоа сметавме дека е соодветна за новогодишната емисија. Децата беа пресреќни - ни изјави Петровска.

Проследете повеќе на деца.мк
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура