X
 12.02.2020 Образование

Средношколки слушаа за успешните жени во науката на настан во УИНТ „Св. Апостол Павле“ - Охрид

„Значајните жени во науката“ беше темата на која вчера се одржа настан на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид и се одбележа 11 февруари - Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката. Во публиката беа ученички од средните училишта од Охрид и од Струга кои можеа да слушнат помалку познати факти за научнички како: Хеди Ламар, Ада Лавлејс, Марија Кири Склодовска, Кетрин Џонсон, Грејс Хопер и редица други без кои научната сегашност, онаква како што е денес, би била незамислива.

На присутните им се обратија: ректорот на Универзитетот, проф. д-р Нинослав Марина, професорките д-р Елена Хаџиева, д-р Мутхулакшми Алаган и д-р Устијана Речкоска-Шикоска, како и Катерина Коркутоска, студентка, актуелен претседател на Факултетското студентско собрание при Факултетот за компјутерски науки и инженерство.


На настанот се обрати ректорот Нинослав Марина

Свое излагање за жените-лидери и што значи лидерството имаше и гостинката на настанот, Билјана Марковиќ-Стаменова, која зборуваше од своето лично искуство од областа. За крај на настанот беше оставена проекцијата на филмот „Доаѓање“ од 2016 година, кој ја раскажува приказната на Луис, која како лингвист успева да декодира јазик на вид кој не е од Земјата.

Замислен како мотивациски, настанот ја потенцира својата цел - да поттикне што повеќе девојчиња својата иднина да ја видат во студирање информатички технологии, со што им се отвораат повеќе можности на глобалниот пазар на труд. За тоа посведочија и приложените статистики од дел од излагачите, кои ја покажаа разликата помеѓу мажите и жените на пазарот на трудот.


Билјана Марковиќ-Стаменова

За среќа, забележана е тенденција на намалување на таа разлика. УИНТ „Св. Апостол Павле“ може да се пофали со повеќе од 30 отсто студентки во однос на студенти.
УНЕСКО го прогласи 11 февруари за Интернационален ден на жените и девојчињата во науката во 2015 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование