За нас се чини дека секојдневно си го живееме животот, си ги извршуваме нашите секојдневни обврски, нашите навики... Меѓутоа, за личност која не доаѓа од Македонија нашите навики се малку чудни и необични. Еве неколку работи кои ги правиме, гледани од очите на странец.
1. Македонците користат ракија за се`. Секако дека ја пијат, меѓутоа ја користат и за многу други нешта. Ве каснал комарец? Ставете ракија. Сакате да ги исчистите прозорците од автомобилот? Користете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на раната.
2. Македонците секогаш прашуваат колку пари чини некој предмет. Ако имате нов часовник, нов автомобил или нешто друго ново, тогаш Македонецот секогаш ќе ве праша колку пари сте го купиле.
3. Македонците многу сакаат храна. Главното прашање во текот на денот е: што има за ручек/вечера? Исто така, храната е главната тема на зборување.
4. Поради некоја причина сосема е нормално да се има килими насекаде, а тие доаѓаат во сите форми и големини. Дури и во една кујна можете да пронајдете килим.
5. Сите имаат прекари кои не се ни слични со нивните вистински имиња. Меѓутоа, Македонците и не се баш многу креативни со имињата - најчестите имиња се Александар и Ана. Па веројатно луѓето мораат да имаат прекари за да знаат на кој Александар да му се обратат.
6. Постојано се жалат дека немаат пари, а сепак сите кафулиња постојано се полни со луѓе.
7. Промајата е збор кој постојано го користат, особено постарите генерации од која дефинитивно ќе се разболите.
8. Не сфаќаат кога човек ќе им каже дека е прејаден. Особено ова важи за бабите кои постојано ви даваат да јадете и не прифаќаат не за одговор.
9. Целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилите. Во принцип Македонците се доста љубезни луѓе, меѓутоа возат како луди.
10. Тротоарите служат за паркирање наместо како патека за пешаци. И никогаш не треба да возите во десната лента бидејќи таму застануваат автобуси и автомобили.
11. Никогаш не ја послужувајте тортата на почетокот на роденденот. Тората се послужува на крајот на роденденот, а откако гостите ќе ја изедат, си одат дома.
12. Кога ќе ве покани Македонец дома, секогаш со себе понесете вино или нешто благо. Тоа е непишано правило со кое покажувате благодарност за нивното гостопримство.
13. Скоро сите постари генерации разбираат шпански. Порано имаше доста шпански серии, па така луѓето го научиле јазикот. Денес се чини дека сите гледаат турски серии кои се навистина лошо синхронизирани.
14. Бурек со јогурт се смета за еден од најдобрите појадоци според Македонците.
15. Скоро 40% од населението во Македонија ги троши парите на спортска кладилница.