А1 Македонија со гордост најавува продолжување на бесплатната Академија за дигитални вештини, „A1 Academy” и од денеска до 27.2.2023 г. ја отвора можноста за пријавување на вториот модул – Бизнис-аналитика.
- По успешното лансирање на „A1 Academy” со првиот модул на тема дигитален маркетинг, нашата иницијатива за неформално образование ја продолжуваме со предавања на нова атрактивна тема – бизнис-аналитика. Учесниците и овој пат добиваат можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини, да слушнат реални бизнис-примери и да учат од професионалци кои активно работат во оваа област. Академијата е придонесот на А1 Македонија кон младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одѕив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање на модерните тематики - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Сите млади на возраст од 18 до 25 години што сакаат да бидат дел од целосно бесплатната „A1 Academy” и вториот модул – Бизнис-аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот
линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Вториот модул започнува на 7 март 2023 година.
По завршување на секој модул од Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.
Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото
„За подобар свет“.
Сите информации за
Академијата можете да ги најдете на официјалната веб-страница на
линкот.
(Комерцијална објава)