X
 14.08.2019 Живот

Кавга поради јагне на ражен на хрватска плажа

Неколку лица се изведени пред суд во Задар оти вербално се пресметале со туристи на плажата Голубинка, кои негодувале бидејќи на едрилицата „завртеле“ јагне на ражен.

Тоа се случило завчера, кога едрилицата впловила на плажата. Откако сопственикот и неговите гости се симнале од едрилицата, тие решиле да испечат јагне на ражен, па настанала караницата, по што интервенирала и полицијата.

Сите лица од едрилицата се изведени пред Прекршочен суд.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот