Нови 10 наслови ја збогатија колекцијата на книги, во рамки на владиниот проект за превод на 1000 стручни книги, од прворангираните универзитети во светот.
Премиерот Груевски и заменик министерот за образование Спиро Ристоски, денеска во Читална 1000 книги, ги промовираа новите наслови од областа на туризмот, менаџментот, правото и медицината.
„Маркетинг во патувањата и туризмот“, „Кетеринг менаџмент“, „Меѓународно јавно право“ и „Прирачник за педијатрија“ се четирите од новите 10 преведени наслови, кои денеска ги промовираа премиерот Никола Груевски и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Заклучно со денешните наслови, преведени се вкупно 907 книги- дел од капиталниот владин проек за превод на 1000 стручни и научни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот.