Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Воздушниот притисок ќе изнесува 1015 хектопаскали.
Во доцните попладневни и во вечерните часови ќе има продор на влажна воздушна маса од југ која што ќе услови локални врнежи од дожд во јужните, југоисточните и источните предели како и во делови од југозападна Македонија. Во овие предели локални врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта четврток кон петок.
Утринските температури во опаѓање и ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 6 односно до 16 степени.
Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 12 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во петок облачно со слаби врнежи од дожд и топло. Утринските температури од 0 до 8 степени, а максималалните дневни ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.
Претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд ќе биде во сабота. Минималните температури ќе се движат од 1 до 9 степени, а максималните дневни до 6 односно до 16 степени.
Во Македонија во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од 2 до 7 степени, а максималните дневни температури до 4 односно до 14 степени.
Во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло со дневни температури кои ќе достигнат до 7 односно до 17 степени, а пак утринските температури ќе се движат во интервал од 1 до 9 степени.
Weather4all.com.mk