Сите студенти од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се поканети да присуствуваат на првото јавно заседание на Студентскиот пленум при УГД.
На средбата ќе се разговара за студентските проблеми и ќе се работи на формирање став и идни планови во однос на проблемите. Ќе се разговара и за новиот Закон за високо образование и начините на кои студентите може да учествуваат во создавањето на истиот.
Настанот ќе се одржи на Економскиот факултет во Штип со почеток во 15:00 часот.
Настанот на „Фејсбук“.