X
 19.03.2015 Образование

Стоп за лошите реформи! Средношколците маршираа во Скопје

Денес, точно напладне средношколците се собраа кај фонтаната во Градскиот парк со една намена - да го покажат својот револт против донесените одлуки на Министерството за образование и наука без нивно вклучување.



Маршот започна нешто подоцна бидејќи средношколците ги чекаа своите пријатели од средното училиште „Раде Јовчески Корчагин“, кои пристигнаа погласни и посложни од сите.

Заедно се одеше до Министерството за образование и наука кадешто средношколците ги повикаа вработените со плакати и извици. Одговор од МОН не видовме.

Моника Пешевска од Средношколскиот пленум даде изјава за новинарите. Накратко, покрај критикувањето на предлогот за воведување на математиката како задолжителен предмет за полагање, таа ги спомена лошите страни и неуспешното имплементирање на екстерното тестирање, со кое учениците се оценуваат врз основа на само еден стадиум на учење, односно помнењето.

„За екстерното тестирање веќе се поднесени огромен број приговори.“

Што се однесува до следните чекори на Средношколскиот пленум, таа изјави: „Ова е првиот марш на Средношколскиот пленум, при што очекуваме одговор од Министерството и од Бирото за развој на образованието. Доколку не ни биде даден одговор, ние како пленум ќе разговараме и ќе одлучиме што би било најдобро да сториме за да ни биде слушнат гласот и конечно да добиеме одговор.“

Фотографии од целиот марш во галеријата.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование