По втората средба на средношколците со министерот за образование Абдулаким Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски, средношколскиот пленум со свое видување на резултатот од средбата.
"На вториот ден од отворањето на новиот средношколски фронт, Средношколскиот Пленум ја одржа втората средба со Министерството за образование и наука.
Иако на средбата не беше постигнат финален компромис и нашите барања не беа усвоени, според преговорите Средношколскиот Пленум смета дека истите се движат во позитивна насока. Преговорите како и одржувањето на средношколскиот фронт и бојкотот на наставата во средните училишта продолжува во наредните денови.
Пленумци, се гледаме на генерален пленум во 15:00 на средношколскиот фронт!
Не се откажуваме и не потклекнуваме!"
Во однос на екстерното тестирање не е постигнат никаков договор но средношколците забележуваат позитивна атмосфера за преговори.