X
 07.06.2015 Образование

Екстремни наставници на екстерно тестирање!



Да, токму така, екстремни наставници. Прашувате зошто?

Се` почесто последниве години слушам за залутани наставници кои се вработиле во образование. А дадени им се нашите најмили, нашата иднина во нивни раце. Тие треба да ги потковат со знаење, да ги воспитат, да им го покажат вистинскиот пат. За да можат во иднина да се справат со сите проблеми на кои ќе наидат, да прераснат во сериозни младинци, возрасни семејни луѓе кои ќе ги воспитуваат своите деца. А ќе треба да ги учат и своите деца да ги почитуваат своите наставници.

Но, како ќе можат да им го кажат тоа, кога ќе ги паметат непријатностите што им ги приредиле токму нивните наставници.

Се прашувам како Васе ќе го воспитува неговото дете после сето она што го слушнав додека тој полагаше екстерно. Откако ги одговори сите прашања и сакаше да кликне "КРАЈ", наставничката му свика: немој да кликаш! Почна да му ги брои прашањата на кои точно одговорил. Васе точно одговорил на 20 прашања. А таа почна да му вика, прашувајќи го кој му ги кажал одговорите. А потоа почна да го испрашува како на школски час. Да точно прочитавте, исто како на школски час. Му поставуваше прашања од целиот материјал по предметот кој го полагаше. Васе одговараше на некои прашања, некои не ги знаеше. Наставничката додека го прашуваше неколку пати ги повтори зборовите: "Јас заради тебе ќе бидам казнета. Ти не знаеш ни за двојка, а сега ќе добиеш четворка". Васе седеше со наведната глава. „Наставничке, ама јас учев. Овие денови навистина многу учев."

Кутрото дете. Кој знае што ќе каже дома на неговите родители. Сигурно нема да ја каже вистината од страв да му се нафрлат и родителите да му викаат.

И повторно да се навратиме на залутаните наставници (секоја чест за исклучоците). Секој што работи во образование, задолжително ги полага на факултет предметите Педагогија, Психологија, Училишна педагогија. Секако тука е самосвеста, емпатијата, да се стави ученикот во улога на ученикот, само за миг, да помисли за момент како тој се чуствува.

Не знам што ќе добие Васе на екстерно, но знам дека Васе цел живот ќе го памети денот кога полагаше. Да не дозволиме да ни се случуваат и други Васевци!

(Авторот е наставник во основно образование)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование