X
 29.06.2015 Наука

Светот е на прагот на ново масовно изумирање

Човештвото е во ризик да изумре по 6-ти пат досега во историјата на Земјата. Луѓето се виновни за ова изумирање, но и тие се едни од најпогодените во оваа ситуација.


Science“ изминатата недела објави истражување спроведено од страна на повеќе северноамерикански универзитети во кое се открива дека стапката на изумирање на видовите во 20-от век била 100 пати повисока отколку што би била без влијанието на човекот, како климатските промени, сечење на шумите и загадувањето. Она што загрижува е фактот дека доколку се продолжи така, животот ќе изумре и на Земјата ќе ѝ бидат потребни милиони години за да може да носи живот повторно.

Инаку, последното масовно изумирање на Земјата било пред 65 милиони години, кога изумреле диносаурусите, веројатно од метеор кој удрил во планетата. Еден од научниците кои работеле на истражувањето изјави дека „екосистемот се нарушува со секој исчезнат вид. Со моменталната брзина на изумирање на видовите луѓето ќе изгубат многу за само три генерации отсега“.

Што да се прави за да се одбегне најлошото сценарио?

Истражувачите заклучија дека е „потребен брз и интензивен напор за зачувување на веќе загрозените видови и да се одбегне нарушувањето на нивната околина“.

„Сè уште има време за да се преземе нешто за зачувување на видовите, екосистемите и населението, но тој прозорец брзо се затвора“, предупредуваат истражувачите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука