Во среда во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито. Во попладневните часови во северните и источните предели зголемување на облачност.
Услови за сосема слаби локални врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови ќе има во крајните североисточни и источните предели.
Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен југозападен и западен ветер.
Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индекс 7.
e
Во среда во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 7
Во четврток претежно сончево со локална облачност, а во северозападните, североисточните и југоисточните предели нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 24 до 34 степени.
Нестабилното време ќе продолжи и во петок и сабота кога се очекуваат локални врнежи од дожд но и посвежо време со пад на максималните температири. Во петок и сабота дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степени.
Во недела свежо утро со температури од 7 до 17 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и максимални температури кои ќе се движат во интервал од 21 до 31 степен.
Weather4all.com.mk