X
 19.08.2015 Живот

Жаре и Климе против климатските промени!

Во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски прoмени, Милиеуконтакт Македонија организира Младински летен камп посветен на климатските промени. Кампот ќе се одржи во Извидничкиот камп “Крсте Јон” во Струга од 21-27,Август 2015.

Учесници на кампот ќе бидат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години, од десетте општини каде се спроведува овој проект: Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово -Ростуша, Прилеп и Делчево. Кампот е дел од кампањата за подигање на свеста кај граѓаните за климатските промени, за последиците кои ги носат тие со себе и како подобро да се подготват и да се заштитат себеси.

Жаре и Климе (Бранко Огњановски од К15) ја повикуваат публиката на кампот и на караванот за климатски промени кој ќе стартува наскоро и ќе ги посети 10те општини кои се активно вклучени во проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски прoмени.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот