28.09.2015 год. во Скопје, се одржа промотивен настан на младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија (АКИ Македонија), подружница на интернационалната организација Anti Corruption International (ACI). Настанот се одржа во 19:00 часот во амфитеатарот на Мит Универзитетот на Плоштад Македонија (Поранешна стоковна куќа ТИПО/City Gallery).
Меѓу присутните гости беа д-р Слаѓана Тасева,УНДП, Транспарентност Македонија, и младинските организации Младите Можат, Ајде Македонија, Психеско,ПЕЛ,АИЕСЕК,АЕГЕЕ и ИАЕСТЕ.
Се одржаа вкупно три презентации од страна на претседателот на АКИМ, Oлга Рајчиќ и двајца други членови на организацијатаа : Симона Рамос и Марјан Атанасовски. Како специјален гостин на настанот, говор одржа д-р Слаѓана Тасева, претседателот на националниот огранок во Македонија на меѓународната организација Transparency International.
Целите на овој настан беа да се промовира новата младинска организација, да се претстават нејзините почетоци, цели и визии за идни проекти. Настанот се заврши со коктел во соседните простории, каде што гостите ги споделија нивните импресии за ново основаното здружение, и се поставија темели за идна соработка со останатите младински организации.
Коктелот и целиот настан беше подржан од следните спонзори: МИТ Универзитет,Евина (Центро Фрута), Слаткарница Романса, Нескафе,Виталиа, Хотел Дувет и останатите.
Повеќе за организацијата дознајте на
официјалната фан-страница на „Фејсбук“.