Како да се чита меѓу редовите на сметководствените податоци, со цел да се креира
одржлива конкурентна предност, разбирање на сметководствените основи, принципи и
компонентите на финансиските извештаи се прашањата на кои ќе се дадат одговори
Анализа на финансиски извештаи и сметководствените информации како
критичен инструмент при презентирањето на финансиска слика е темата на предавањето што
ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември. Овој викенд модул ќе го објасни процесот на
креирање на сметководствените информации, во согласност со Меѓународните
сметководствени стандарди (МСС) и Меѓународните стандарди за финансиско известување
(МСФИ), а потоа истите се анализирани и интерпретирани.
Предавањето што ќе го води професор Панајота Скуларики, од Меѓународниот факултет на
Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, поттикнува критичко, наместо автоматско прифаќање на
основните претпоставки зад сметководството во услужните дејности, малопродажбата и
производствените индустрии. Поврзување на теоријата со практични примери и студии на
случаи врз основа на реални бизнис ситуации е методологијата што ќе биде примената во
рамките на едукативниот модул.
Овој модул ќе им помогне на идните менаџери да научат како се чита меѓу редовите на
сметководствените податоци, со цел да можат да креираат одржлива конкурентна предност за
нивната компанија во согласност со МСС и МСФИ. Разбирање на сметководствените основи,
принципи, компонентите на финансиските извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех,
Извештај за капиталот и паричните текови) и нивните елементи се придобивките од ова
предавање. Содржината на сите овие знаења е веднаш апликативна и применлива во рамките
на секоја компанија.
Професор Скуларики е специјалист во повеќе области, меѓу кои Меѓународни сметководствени
стандарди, Ревизија, Општествена одговорност и етика, Финансиски извештаи и Анализи и
Корпоративни финансии. Поседува екстензивно искуство од бизнис сферата, посебно од
ревизорската куќа Deloitte. Таа е константно инволвирана во организирање на меѓународни
конференции и подготовка на финансиски извештаи пред Обединетите Нации и други
специјални комисии.
Со следење на предавањето учесниците се стекнуваат со Сертификат од Меѓународниот
факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Краен рок за аплицирање е 28 октомври
2015 година. Повеќе информации на +389 2 3064 533, office@managersacademy.mk или
www.managersacademy.mk