X
 05.11.2015 Култура

Колку земјите низ светот го познаваат англискиот јазик?

Луѓето низ светот покажуваат подобри резултати по англиски јазик, вели новото истражување. „Индекс на совладување на англискиот јазик“, е годишен извештај кој го покажува нивото на англиски јазик кај возрасните во приближно 70 земји. Шведска води во светот, додека Либија е последна. Истражувањето беше спроведено од „EF“, приватна компанија за образование.

 

јазик


Просечното ниво на познавање на англискиот јазик е зголемено. Но не сите земји се подобруваат. Кај некои, ова ниво се влошува.

Европа

Европа води во рангирањето. Не е изненадувачки тоа што Шведска, Холанија, Данска и Норвешка се земјите кои ги заземаат првите четири места. Овие земји имаат одлични државни образовни системи, а нивните јазици се структурно слични со англискиот.

Во речиси секоја земја опфатена во истражувањет, жените зборуваат англиски многу подобро од мажите. Но, во северно европските земји, родовиот јаз е многу мал.

Франција е исклучок во Западна Европа. Познавањето на англиски јазик во оваа земја е многу понизок од нејзините соседи. Французите со голема гордост го бранат нивниот национален јазик. Во извештајот се вели дека слабите резултати на Франција се должат на „културното отфрлање“ на англискиот јазик. Франција е рангирана под помалку развиените земји како Индонезија, Украина и Перу.

Турција има најниска стапка на познавање на англиски јазик во Европа. Ова земја од 2012 година слезе две места подолу. Во извештајот се вели дека акцентот на граматиката и меморирањето ги обесхрабрува турските ученици да го учат јазикот. Но со младото население, резултатите би можеле за брзо време да се подобрат, секако доколку се овозможат правилни реформи во образованието.

 

земја


Азија

Во Азија, Кина падна за 10 места за разлика од минатата година. Дел од овој пат е поради тоа што истражувањето додаде уште 3 земји. Друга причина е тоа што седум латино-американски земји покажаа подобар резултат и подобрување од Кина.

Кина има направено одличен напредок во текот на изминатите 10 години, а трендот се`уште е позитивен.

„Но, Кина ќе мора да го промени начинот на кој наставниците предаваат англиски јазик, доколку сакаат да постигнат повисоко ниво“, вели Мин Тран, директор на истражувачки и академски партнерства, од едно училиште.

„Тие ќе треба значително да го подобрат квалитетот на наставникот и да стават силен акцент на комуникативниот пристап. Често пати, учениците во Кина го учат англискиот јазик за да го положат тестот, но не и да комуницираат на англиски. Такашто, ова е следниот чекор за Кина“.

Соседите на кина продолжуваат да инвестираат многу во англиското образование. Сингапур, Малезија и Индија имаат највисоки резултати во регионот. Како поранешни британски колонии, овие земји имаат дола историја на користење на англиски јазик, особено во високото образование.

Јужна Кореја спаѓа во земјите со „англиска треска“, кадешто луѓето трошат повеќе пари на англиското образование, од било кое друго место во светот. И покрај тоа, просечното ниво на англиски јазик се`уште нема доживеано подобрување. Државните училишта во Јужна Кореја „не успеваат да ги научат учениците англиски јазик на високо ниво“, се вели во извештајот.

Кај Виетнам се гледа подобрување за разлика од минатата година. Тајланд и Камбоџа остануваат на доста ниско ниво и покрај нивните силни туристички индустрии.

Латинска Америка

Од другата страна на Тихиот Океан, Латинска Америка покажува бавен напредок во текот на изминатите осум години. Поголемиот дел од подобрувањето е кај младите луѓе. Меѓутоа целовкупното ниво на англиски јазик кај возрасен човек се`уште е на ниско ниво. Аргентина е првата и единствената латино американска држава која се рангира како држава со високо познавање на англискиот јазик.

Во извештајот се вели дека квалитетот на наставникот е голем проблем во целиот регион. Младите луѓе кои знаат да зборуваат англиски можат да направат многу повеќе пари надвор од областите на предавање.

Бразил покажа некое подобрување, но се`уште нема доволно компетентни луѓе кои зборуваат англиски јазик во работната сила. Во подготовките за Олимписките игри во 2016 година, владата започна да нуди бесплатни часови по англиски за 150.000 професионалци во туризмот.

Минатата година, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека владата ќе инвестира 690 милиони долари во англиското образование. Дел од парите ќе се искористат за обука на 12.000 наставници како и помош за плаќање на приватни часови по англиски јазик за 40.000 професионалци.

Блискиот Исток и Северна Африка

За разлика од останатиот дел од светот, зборувањето на англиски јазик се намалува во Блискиот Исток и Северна Африка. Невработеноста на младите е на високо ниво во регионот, дури и меѓу дипломците.

Обединетите Арапски Емирате, со својата огромна мултинационална работна сила е рангирана на подобро место од своите соседи. Сепак, се`уште има ниско ниво на познавање на англиски јазик.

Поради насилството и нестабилноста во Ирак, Јемен и Либија, образованието е катастрофално, а нивото на познавање англиски јазик е многу ниско.

Сирија и суб-сахарските африкански држави не беа вклучени во истражувањето, додека Катар, Кувајт и Саудиска Арабија имаат ниско познавање на англискиот јазик и покрај нивното богатство.

Методологија

Индексот е базиран на онлајн тест резултатите на 910.000 возрасни луѓе од 70 земји. Резулатите не се однесуваат на целото население на земјата. Извештајот се базира на податоците од луѓето кои направиле онлајн тест во 2014 година. 

 

*Нашата земја не беше вклучена во истражувањето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура