X
 17.12.2015 Технологија

Најдобрите бесплатни Андроид апликации за деца

Денешните паметни телефони и таблети нудат одличен начин за децата да научат преку интерактивни прегледи, звук и допир, меѓутоа тие исто така можат да обезбедат одлична забава.

 

deca


Постојат илјадници игри, квизови и апликации за децата, а ние ви ги издвојуваме најдобрите за деца, бебиња и тинејџери.

Апликации за бебиња

Во овој дел од животот, една од најдобрите нешта што можете да направите како родител е да ја охрабрите интеракцијата преку користење на помош која помага да се поврзат звукот и допирот. Следните неколку Андроид апликации ја имаат оваа цел.

Baby phone - Со генерации една од првите интерактивни играчки е телефонот со разнобојни копчиња кои испуштаат звук. Апликацијата наречена Baby phone го нуди овој „дух“ на класичната играчка со уште неколку звуци и ѕвоничња кои вашето бебе ќе ги обожава.

 

Animal sounds - На 4 месеци бебињата започнуваат да бараат извор на звуци околу нив. За да ја задоволите оваа љубопитност добро би било да ја инсталирате играта Animal sounds for baby. Таа нуди слатки бебиња на екранот и произведува звуци кога тие ќе се притиснат.

 

2


Baby piano - Доколку мислите дека имате „мини“ Моцарт дома, или ако вашето бебе го сака звукот на музиката, тогаш добро би било да ја имате оваа апликација која нуди слатки и разнобојни копчиња на скалата.

 

3


Shapes & Colors music show - На околу 5 месеци, децата започнуваат да гледаат бои јасно. Ново откриените сетила се секогаш забавни за истражување, па апликацијата Shapes & colors music show ќе ви помогне со своите форми и слатки звуци.

 

5


Baby musical instrument - Слично на shapes & colors music show, оваа апликација комбинира елементи во едно забавно и интерактивно шоу на форми и музика. Постојат 3 уникатни сцени кои можете да ги изберете - фарма, џунгла и јужниот пол.

 

5


Апликации за деца од 1 до 3 години

Оваа возраст е можеби најважната во развојот на детето. Емоционалните, социјалните и когнитивните вештини за брзо време се оформуваат на возрас од 1 до 3 години, па важно е да вашето дете да биде околу стимуланси кои ќе демонстрираат како нештата функционираат.

Toca Kitchen 2 - Ако вашето дете сака да ве гледа додека приготвувате вечера, или е заинтересирано за тоа како функционираат нештата во кујната, оваа апликација овозможува совршен начин да ги истражува безбедно.

 

Animals for kids forest - За децата на оваа возраст светот е полн со магија и мистерија, па апликацијата ќе им помогне да ја поттикнат нивната внатрешна желба да истражуваат додека ги учи вредни лекции.


 

Google earth - Оваа апликација овозможува часови забава и учење. Можеби не се чини така на почеток, меѓутоа ова е дефинитивно корисна апликација.


 

Lego Duplo Train - Не постои дете што не ги сака лего коцките, па затоа ќе му се допадне и оваа апликација. Децата не можат да одолеат на едноставноста на апликацијата како и можноста да создадат нешто самите.

 

5


Kids place - Оваа апликација ви дава можност да ги сокриете оние апликации кои децата не смеат да ги отвораат.

 

Апликации за деца на претшколска возраст (4 и 5 години)


Претшколската возраст е тогаш кога децата започнуваат да учат голем дел од алатките кои ќе ги користат во текот на целиот живот. Азбука, броеви и основна математика се концептите со кои треба да се започне за на децата да им биде помалку непознато на оваа возраст.

Endless alphabet - Кога ќе размислете за ова, буквите се слични на загатки кои формираат зборови, па важно е да се научи азбуката. Тоа го нуди оваа апликација која ја прикажува азбуката како загатка и користи фонетски звуци и букви како и помош како да се решат.

 

Endless numbers - Апликација од истите девелопери на Endless alphabet која овозможува слични резултати кога станува збор за учење на броеви.


 

Math Animals - Koнцептот на математиката може да е страшен за некои возрасни, но ако го оставите вашето дете „изложено“ на основните собирања и одземања на рана возраст ќе им помогнете во текот на нивното образование. Оваа апликација нуди одлична можност која ја поттикнува љубопитноста на децата кон математиката.


 

Flashcards for Kids - Flashcards for Kids го предизвикува менталниот процес кај децата кој се нарекува активно помнење за лесно да поврзат едно нешто со друго.


 

ABC toy matching - Ако сакате поедноставен пристап за „градење“ на меморијата, тогаш оваа апликација нуди одлична можност - се` што децата треба да направат е да ги поврзат истите слики.

 

7


PBS Kids Video - PBS има забавна и едукативна содржина за децата, а најдобриот дел е бесплатен.

 

8


Апликации за деца над 6 години


Помеѓу 2 и 6 години, мозокот на детето физички расте повеќе од било која фаза во растењето. Потоа, кога периодот на растење ќе заврши, постои скок во когнитивните вештини. Како резултат на тоа, вие треба да се осигурате дека вашето дете  ги има соодветните ментални стимулации кои имаат важна улога.

Lego Juniors - Исто како и познатите пластични тули, апликацијата ја охрабрува креативноста со што им овозможува на децата да изградат сопствени виртуелни автомобили и да ја истражуваат околината.

 

9


Pou - Одговорноста е доста голем дел од растењето, но пред вашето дете да биде подготвено за мачка или куче, добра идеја е прво да го тестирате. Pou е виртуелно домашно милениче вонземјанин кој треба да биде нахранет, исчистен, кој бара внимание и посветеност.

 

YouTube Kids - Youtube e најголемата сцена за независните креатори и аматери видеографери. Единствената маана е тоа што делови од содржината не се соодветни за возраста на дедето. За среќа постои Youtube kids која нуди родителите да ги заклучат видеата кои децата не смеат да ги гледаат, и да гледаат она што е за нив соодветно.


 

iStoryTime Storybook Library- Читањето е најважниот дел од учењето и подготвката за на училиште е важна уште на мала возраст, но некои деца не се соочуваат со тоа добро. Оваа апликација има потенцијал да ги инспирира децата со книги од светот и аматерски приказни и аудио книги.

 

10


Reading Rainbow Skybrary - Кога сме кај читањето, голем број на деца се инспирирани од оваа апликација која совршено ја прикажува магијата на книгата.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија