X
 15.03.2024 Живот

Зошто не треба да ставате работи во просторот за рачен багаж во авион?

Кражбите во авионските кабини се почести отколку што мислат луѓето, а крадците обично бараат торби полни со скапоцености, како што се паричници, лаптопи и камери, готовина и важни документи, вклучително и пасоши. 

Џонатан Френхам, експерт за патувања и управен директор на „Ворлд Номадс“, за патувачко осигурување во Обединетото Кралство, споделил неколку корисни совети за да се избегнат ваквите ситуации.

- Крадците го користат чувството на сигурност на патниците откако удобно ќе се сместат во авионот. Во моменти како што се јадење на оброците, придушувањето на светлата или одењето во тоалет, крадците може да си ја пробаат среќата и да украдат вредни предмети - истакнува тој.

Фребхам ги советува патниците да не чуваат предмети во багажниот простор кој се наоѓа над главата за време на долгите летови. Истакнал дека на овој начин е невозможно патниците да внимаваат на нивниот багаж, давајќи им можност на крадците да им го украдат.

Исто така, советува дека мобилните телефони, паричниците, пасошите и парите секогаш треба да ви бидат на дофат и никогаш да не ги оставате без надзор. Најдобра практика е да ги ставите во торбичка што се врзува околу половината или да ги носите в џеб.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот