X
 15.06.2023 Наука

На месечина на Сатурн откриени фосфати, состојки на хромозомите

Астрономите откриле фосфати на Енкелад, една од месечините на Сатурн. Ова е првпат како се открива оваа состојка на друг воден свет освен на Земјата. Откритието било направено со анализа на архивски податоци земени од страна на сонда во 2017 година.

Ова е важно откритие бидејќи фосфатите се едни од главните состојки на хромозомите, носители на генетски информации во кои се наоѓа ДНК. Тоа сугерира дека можеби сме чекор поблиску до наоѓање вонземски живот во еден од вонземските океански светови кои орбитираат околу нашето Сонце. НАСА испраќа мисија до месечината Европа на Јупитер за да ги истражува нејзините океани во потрага по потенцијални знаци на живот.

Слично како и Европа, Енкелад е прекриен со вода под надворешната замрзната површина. Компјутерски модели претходно посочиле кон можноста за присуство на фосфор на Енкелад, но научниците не се согласувале дали на оваа месечина има фосфати.

Во новото откритие, астрономите покажале дека фосфорот е присутен на Енкелад во форма на ортофосфатни јони. Било покажано и дека соединението е достапно во концентрација од најмалку 100 пати поголема од онаа во океаните на Земјата.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука