X
 15.07.2021 Живот

„Синеплекс“ со нова локација во „Ист гејт мол“

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје.

Киногрупацијата „Синеплекс“ ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа денеска, 15 јули, во новиот трговски центар „Ист гејт мол“, каде што членот на Управниот одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата „Синеплекс“, господинот Лукас Лангхамер, и извршниот директор на „Ист гејт мол“, господинот Игор Давков, го потпишаа договорот за соработка.



„Синеплекс“ започнува со градежните активности за мултиплекс-кино, со површина од приближно 3.000 м2 и повеќе од 1.000 места во осум сали, каде што посетителите ќе имаат можност да ја доживеат филмската магија преку најсовремената кинотехнологија, прикажувајќи домашни и меѓународни филмови, додека љубителите на филмот ќе уживаат во добро познатите високи стандарди за услуги на „Синеплекс“.

- Како лидер за иновации, ние сме посветени на нашите посетители да им го понудиме најдоброто киноискуство и сме многу горди што наскоро тоа ќе биде достапно и на нашата втора локација, која дополнително ќе го збогати културниот живот во Скопје - изјави Лукас Лангхамер, член на Управниот одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата „Синеплекс“.

- Многу сме среќни што единствениот кинопростор му го отстапивме на реномираниот лидер на пазарот во Југоисточна Европа, „Синеплекс“, обезбедувајќи најсовремено уникатно киноискуство за нашите посетители. Киното ги збогатува забавните содржини во трговскиот центар „Ист гејт мол“ и уште повеќе ќе придонесе за збогатување на културниот живот во Скопје, особено имајќи предвид дека ова е првото кино што се отвора во овој дел од градот - изјави Игор Давков, извршен директор на „Скопје ист гејт“.



Првото кино „Синеплекс“ во Скопје, кое беше отворено во 2012 година, беше реализирано во соработка со групацијата БАЛФИН.

- Особено го цениме нашето успешно партнерство со групацијата БАЛФИН, со која веќе соработуваме повеќе од 10 години. Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012 година и особено во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето на кино - тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава. Горди сме што имаме толку софистицирани партнери за да им овозможиме на жителите на Скопје второ кино за комплетно доживување на филмската магија преку големото платно - додаде Лукас Лангхамер.

Се очекува киното да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година.



Нова димензија на удобност за Скопје

Покрај најсовремената кинотехнологија, CINEPLEXX најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност. Господинот Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во CINEPLEXX изјави: „Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги. Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство.”

Повеќе детали за проектот ќе бидат објавени во подоцнежната фаза од напредокот во градежништвото.




CINEPLEXX International GmbH

Историјата на компанијата започна во 1951 година со компанијата за дистрибуција на филмови „Константин филм“ во Австрија. Од 1985 година, компанијата е под управувачко партнерство и понатамошна целосна сопственост на австриските претприемачи. Во 70-тите години на минатиот век се случи проширување на местата низ целата земја под името Constantin Film Kinos. CINEPLEXX Kinobetriebe GmbH е подружница на Constantin Film-Holding-GmbH, основана во 1985 година, со над 60 кина во 12 земји: Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција, Романија и Италија. Кината „Синеплек“ се распространети со 400 сали и повеќе од 70.000 места. Последниот чекор за проширување во Австрија се случи во февруари 2019 година со купување на UCI Kinowelt и придружните три локации. Во 2019 и 2020 година, експанзијата во областа на ЈИЕ влезе во нова фаза со пет кина во Романија и две во Србија. Најновата експанзија се случи во јуни 2021 година со отворање ново кино во Сараево.

Со околу 1.700 вработени, компанијата оствари приходи од над 150 милиони евра во 2019 година. Во 2019 година, киносалите „Синеплекс“ ги посетија речиси 13 милиони посетители.


Повеќе информации за водечкиот кинооператор во Југоисточна Европа на www.cineplexx.at.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот