Александра Пановска, водителката на добро познатото шоу „Брза Кујна” на ТВ Сител,
се подготвува набрзо да стапне на лудиот камен откако во Систина Офталмологија ќе
ја исполни долгогодишната желба – да може јасно и читко да гледа без никаква
потреба од очни помагала.
“
Среќна, весела и без диоптрија за најубавиот ден од мојот живот! Уште од малечка, една од моите најголеми желби беше да се разбудам и јасно да гледам. Многу ретко носам очила, скоро ич, секогаш сум со контакни леќи кои кога почнав да ги носам ми ја зголемија мојата самодоверба затоа што сметав дека конечно се ослободив од очилата. Но, реалноста е поинаква, очилата и леќите секогаш одат заедно...”
Александра за својот проблем со видот се обрати на стручниот тим на Систина Офталмологија каде го направи прегледот за ласерска корекција на диоптрија. Откако откри дека е кандидат за интервенцијата, понесена од своите чувства таа изјави: “
Пресреќна сум што можам да ја направам ласерската корекција на диоптрија кај овој љубезен и топол тим. Конечно мојот сон станува реалност... дури ме фаќа паника од возбуда!”
Ласерската корекција на диоптрија, како најсовремена метода за остранување на секоја
диоптрија, во Македонија успешно ја изведува врвниот и искусен тим на Систина
Офталмологија, во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од
Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска која започна да работи
ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку
50.000 очи.
Повеќе информации на следниот линк:
https://www.sistinaoftalmologija.com.mk/