Постои практиканство за сите оние кои сакаат пиво. „World of beer“, франшиза на пабови, на тројца среќници им нуди можност да патуваат низ светот и да пијат пиво. Позицијата се нарекува „практикант за пиење“.
Трите практиканти ќе треба да пишуваат блог на социјалните медиуми, да патуваат во пиварници и на фестивали на пива насекаде низ светот и да создаваат видеа за пивото. Во основа, се` се сведува на пиво и социјални медиуми.
Успешните кандидати треба да бидат отворени, пријателски расположени, желни за споделување и секако, обожаватели на пиво.
Но, за разлика од повеќето практикантства, ова е платено. Пабот ви нуди 12.000 долари плус патни трошоци и трошоци за сместување. Единствено што кандидати треба да го исполнуваат е да имаат 21 година.
Сите заинтересирани можат да пополнат барање и да достават едно-минутно видео или пак да присуствуваат на интервју во живо.