X
 26.03.2016 Живот

Какво време да очекуваме во наредните пет дена?



Во Македонија во сабота студено и магловито утро. Ќе има појава на магла која во западните и северозападните предели ќе биде погуста. Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во вечерните часови локално претежно во западните предели може да услови сосема слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

Во Скопје во сабота по студеното утро, претпладне ќе биде претежно сончево. Попладне зголемување на облачноста. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 12 степени.

Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди поради што ќе има повисоки утрински температури. Во текот на денот ќе има услови за локални врнежи од дожд во западните и источните предели. Максималните температури од 7 до 15 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и потопло со дневни температури од 11 до 19 степени. Во вторник и среда под влијание на јужното воздушно струење ќе биде претежно сончево и надпросечно топло со пораст на температурите. Во вторник од 13 до 21 степен, додека во среда максималните температури ќе се движат од 15 до 23 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот