X
 19.08.2016 Живот

Најдобрите и најлошите градови за живеење во светот

„The Economist Intelligence Unit“ неодамна го објави извештајот во кој ги рангира најдобрите и најлошите градови за живеење во светот.

 

grad


Во извештајот „A Summary of the Liveability Ranking and Overview“, биле опфатени 140 градови низ светот, а извештајот покажува кои градови нудат најлоши и најдобри услови за живеење. Истражувањето било направено врз основа на здравствената заштита, образованието, инфраструктурата, безбедноста и заканата од тероризам.

На земјите им биле давани поени, со што една земја можела да добие максимум 100 поени. Ова се најдобрите градови за живеење во светот.

1. Мелбурн, Австралија - Мелбурн е совршен пример за град во побогатите земји со релативно ниска густина на населението. 

 


2. Виена, Австрија - Ова е еден од двата европски градови кои се најдоа на топ листата со 97.4 поени.

 
3. Ванкувер, Канада - Големиот канадски град доби 100 поени за култура и природна средина, здравство и образование и скоро совршени поени за стабилност.

 


4. Торонто, Канада - Најнаселениот град во Канада освои вкупно 97.2 поени меѓутоа не се најде на повисоко место поради инфраструктурата.

 


5. Калгари, Канада - Ова е еден од трите градови во Канада кој беше рангиран помеѓу најдобрите, и има исто поени колку Аделаида во Австралија. Доби 100 поени за стабилност, здравство и образование.

 


6. Аделаида, Австралија - Овој град успеа да се вметне помеѓу градовите најдобри за живеење во светот поради високите поени, и поради фактот што Сиднеј не се најде на листата како потенцијален град со висока закана за тероризам.

 


7. Перт, Австралија - Ова е еден од трите градови во Австралија кои се наоѓаат на оваа листа, благодарение на совршените 100 поени добиени во здравството, образованието и инфраструктурата.

 


8. Окланд, Нов Зеланд - Градот доби максимум поени за образование меѓутоа доби 92.9 поени за инфраструктура.

 


9. Хелсинки, Финска - Ова е еден од двата европски градови кои се наоѓаат во првите 9. Градот доби целосни поени за стабилност, здравствена заштита, култура, природна средина, инфраструктура и образование.

 

10. Хамбург, Германија - Десетката ја заокружуваме со овој германски град кој освои 95 поени од вкупно 100. Хамбург доби 100 поени за здравство и инфраструктура, меѓутоа се најде на последното место поради поените во образованието (91.7) и стабилноста (90).


Најлошите градови за живеење се:

 

2

 
1. Киев, Украина - Овој град е рангиран на 131-то место (од вкупно 140 земји) со 44.1 поен. Најниски поени доби во областа на стабилноста, која се'уште се опоравува.

2. Доуала, Камерун - Со 44 поени и лошо здравство, Доуала е вториот град најлош за живеење во светот. Ниско поени доби и во здравството, инфраструктурата и културата и природната средина.

3. Хараре, Зимбабве - Овој град доби најниски поени во областа на здравството и инфраструктурата.

4. Карачи, Пакистан - Стабилноста е главниот проблем, за која овој град доби само 20 поени. Градот доби ниски поени и за културата и природната средина.

5. Алжир, Алжир - На 134-то место со 40.9 поени и ниска стабилност и инфраструктура се најде Алжир, а не е за пофалба ниту здравството.

6. Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја - Овој град освои 38.9 поени од вкупно 100, а најголемо влијание за ниското рангирање имаа стабилноста, зравството и инфраструктурата.

7. Дака, Бангладеш - Со 38.7 поени, Дака се најде на доста ниска позиција, а големо влијание врз тоа имаа лошите поени во здравството и инфраструктурата.

8. Лагос, Нигерија - Ова е град во кој дефинитивно не би се чувствувале безбедно, па затоа оваа област е оценета со само 10 од 100 поени. Постојаната закана од групи како Боко Харам делуваат врз стабилноста на најголемиот град на Нигерија.

9. Триполи, Либија - Со 35.9 поени Триполи се најде на претпоследното место за најлош град за живеење, каде најголема опасност претставува Исламската држава.

10. Дамаск, Сирија
- Со само 15 поени од вкупно 100 за стабилност, и лоши оценки скоро во сите останати области - здравство, култура и природна средина, образование и инфраструктура. Меѓутоа најголема причина поради тоа што ова е најлошиот град за живот, кој се најде на последното место, е опасноста од постојани терористички напади.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот