X
 19.08.2016 Живот

Производи наменети за исклучително неспретни луѓе

 

1.    Шолја за кафе што не се превртува – решение за вашата страдна тастатура. Не се секирајте, со овој производ, вашиот лаптоп или друг предмет на масата ќе прекине да „конзумира“ кафе.

 

Шолја за кафе што не се превртува.


2.    Силионски штитници за решетките од рерната, што ќе ги спречат вашите изгореници кога ќе посегате внатре по храната што се готви.

 

Заштитници за во рерна.


3.    Еластични врвки за вашите патики и чаре за честите сопки. Трајни се и лесно се поставуваат на патиките.

 

Еластични врвки за патики.


4.    Заштитник при сечкање од нерѓосувачки челик – панцир за вашите прсти.

 

Челичен заштитник при сечкање.


5.    Удобни чорапи со гумени „кочници“ на табаните со кои не ќе можете ризично да се лизгате.

 

Нелизгави чорапи.


6.    Чаша за вино со практично дно, за кога ќе се поднапиете. Со сигурност ќе ви заштеди повеќе вино за вас.

 

Чаша за вино со стабилно дно.


7.    Лепенки за ѓонови на чевли за да останете исправени во зима или врнежлива есен. Се поставуваат на (високи) потпетици, чизми, рамни чевли.

 

Лепенки за ѓон.


8.    Модерни врвки за очилата да ви бидат сигурни околу вратот.

 

Врвки за очила.


9.    Маска со вграден потпирач за iPhone телефон што ќе го чува од „повреда“ при пад. Достапна во осум различни бои.

 

Практична маска за Ајфон.


10.    Патна шолја со автоматски капак за да не се потурите на нерамен пат. Капакот се отвора само ако го притиснете копчето за отворање, позиционирано на местото каде што го ставате палецот кога посегнувате да се напиете од шолјата.

 

Практична патна шолја за вода, кафе...


11.    Монтажен држач за фен за коса. Го чува на безбедно и подалеку од вода во бањата.   

 

Држач за фен за коса за во бања.


12.    Силиконски заштитник за устието од шишето, за да не се испрскате кога пиете директно од шише. Прилагодлив е на различни големини и не содржи Бисфенол А (BPA-free).

 

Силикон за устието на шишето, за да не се потурите.


13.    Специјално заоблени заштитници за ногарки од кревет или маса, за оние кои не ги одминуваат овие места и заработуваат болни удари на прстите од нозете.

 

Заштитник за ногарки на маса или кревет.


14.    Ракавици отпорни на засеци, кога сте во допир со остри предмети. Прстите ќе ви бидат благодарни!

 

Ракавици отпорни на засеци од остри предмети.


15.    Микробранова силиконска подлошка со која безбедно можете да го извадите садот што сте го подгревале во микробранова печка, без да се изгорите. Можете да ја користите и како заштитник од прскање кога пржите и за многу други намени.

 

Микробранова силиконска подлошка, штити од изгореници од загреани предмети.


16.     Компактен прибор за прва помош подготвен за итни случаи. Содржи 100 најважни парчиња за давање прва помош во секое време.

 

Прва помош во секое време.


17.      Природен мелем за смирување на сите посекотини, модринки и удари. Маста содржи билни состојки, како лаванда и витамин Е и делува природно на вашата кожа.

 

Природен мелем за рани.


18.    Пренослив отстранувач на дамки, вашиот најверен и најгрижлив сопатник. Една капка е смртоносна за дамки од храна, масло, шминка, крв и што уште не.

 

Пренослив отстранувач на дамки.


19.    Антибактериска подметка за во бања, за да „сурфате“ сигурно на влажниот под.

 

Антибактериска подметка за во бања.


20.    Лаптоп торба отпорна на вода и удари и останати шокови на кои е изложен вашиот преносен компјутер. На предната страна има преграда за чување на полначот, каблите, телефонот и сл.   

 

Торба за лаптоп, отпорна на вода и удари.


21.    Неодоливи фластери и завои за заштита на вашите посекотини и гребнатинки. Дизајнирани да ве орасположат во болката.

 

Дизајнирани фластери.

 

Заштитете се пред да „настрадате“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот