Патниците на
лондонскиот аеродром Хитроу ги пречекала чудна глетка во еден од терминалите.
Имено стотина луѓе лежеле неподвижно на подот и патниците што брзале на своите летови морале да се движат низ нив. Притоа, оваа куп „живи мртовци“ не реагирале и аеродромот не можел нормално да функционира.
Овие луѓе се всушност активисти што се противат на изградбата на нова писта на еден од најпрометните аеродроми во светот. Според нив, проширувањето и големиот сообраќај на аеродромот се виновни за големата концентрација на јаглероден диоксид во оваа област.
Протестите се одвивале и на околните главни улици кои биле блокирани, а надлежните имале потешкотии со воспоставување на нормален сообраќај кон аеродромот. Во акциите учествувал и полициски хеликоптер.