За тоа колкава должина
ноктите може да достигнат ако не се сечат, може да зборуваат само оние што биле упорни да дознаат од лично искуство и што имале трпение да ги намотуваат и виткаат додека тие растат.
Во просек ноктите растат околу 3 милиметри месечно. Постојат неколку луѓе што станале славни по екстремно долгите нокти и со тоа успеале да се запишат во Гинисовата книга на рекорди.
Кристин Валтон или Војвотката престанала да ги сечи ноктите во 1990 кога била 23 години. До 2013 збирните мерења на ноктите на левата рака изнесувале повеќе од 7,3 метри во должина. Ова се чини необично и импресивно, но Кристин има сериозна конкуренција. Шридар Чилал ги растел ноктите на левата рака од 1952 година. До 2014, вкупната должина на ноктите на неговата лева рака изнесувала 9,1 метри во должина. Само должината на ноктот на палецот изнесувала 2 метра. Со овој податок се потврдува дека ноктите на човекот може да растат барем 2 метра, а можеби и повеќе ако се појави следен што ќе го скрши рекордот.
За жал Чилал се соочува со последици од овој предизвик. Тој има оштетување на нервите во левата рака што довело до глувост на левото уво. Неговата лева рака е деформирана и се соочува со постојани болки во зглобот. Неговото семејство кое не се согласува со животниот стил на рекордерот, мора да го поддржува во едноставните секојдневни задачи како на пример, закопчување на кошулата. Иако го држи рекордот за „најдолги нокти на една рака“ има уште еден рекорд за соборување. Имено, должината на ноктите измерена на двете раце на Мелвин Буте изнесувала 9,85 метри пред да почине во декември 2009 година.
Кристин Валтон или Војвотката во 2012 година.