Денес е вторник, 22 ноември 2016 година, 327-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:26, а ќе зајде во 16:12 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 46 минути.
Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и релативно топло утро за
овој период од годината. Долж повардарието, како и во северните и
југоисточните предели имаме појава на магла со видливост до 100 метри.
МАКЕДОНИЈА - Во утринските часови појава на магла, која што долж
Повардарието ќе се задржи и во претпладневните часови, особено во
Скопскиот, Тетовскиот и Кумановскиот регион. Во останатите предели во
текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло
време. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските
температури од -4 до 3 степени, додека пак максималните дневни
температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе се
задржи и претпладне. Попладне појава на сончеви периоди. Слаб јужен
ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималнатадневна до 12
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Стабилно и натпросечно топло време и во наредните
денови. Во среда и четврток во утринските часови појава на магла која по
некои котлини ќе се задржи и во поголем дел од денот, а во останатите
предели ќе биде претежно сончево и топло време со максимални температури
кои ќе се движат од 8 до 17 степени, односно од 9 до 17 степени. Во
петок по магловитото утро, претпладне ќе биде претежно сончево а
попладне зголемување на облачноста. Дневните температури од 9 до 15
степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне и
навечер нестабилно време со услови за врнежи од дожд и пад на
максималните температури кои ќе се движат од 8 до 14 степени.
Weather4all.com.mk