X
 05.12.2016 Живот

Зошто никогаш не треба да им веруваме на сопствените очи?

Видео каналот „AsapSCIENCE“ објави видео на кое прикажува како нашите очи не' лажат.

 

1


Од вас се бара да го затворите левото око и да го гледате крстот кој се наоѓа на лево од екранот. Ако ја дивижите главата кон екранот и ако се оддалечувате од него, ќе забележите дека кругот исчезнува.

Видеото објаснува зошто ова се случува.

„Клетките во задниот дел од окото ја трансформираат светлината во сигнали кои се испратени до вашиот мозок, но тие исчезнуваат токму тука (подолу на цртежот), бидејќи ова е местото каде нервите и крвните садови се поврзуваат со окото. Така што, се' што е во вашата визија не можете да го гледата, односно ова е вашата слепа точка“.

 

2


Видеото дава неколку примери за тоа како нашите очи може да не' измамат со тоа што пропуштаат некои работи, како што е овој пример, каде не ги гледаме сите црни точки.

 

3


„Нашите очи и мозок еволуираа да гледаат, но нашиот вид прави претпоставки врз основа на учењето, помнењето и очекувањата. Предност е да се има брза обработка на информации, па наместо впивањето на секој мал детал да е 100% точен, што ќе предизвика преоптоварување на мозокот, мозокот прави претпоставки. Оваа побрза перцепција овозможува побрзи рефлекси и побрзи свесни и несвесни одлуки; интегрален аспект на човековата природа“.

 



Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот