X
 08.12.2016 Наука

Што е сапиосексуалност?

Лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, пансексуалци - сите овие термини ни помагаат да управуваме со врските и сексуалноста. Сега, постои и термин за оние кои ги привлекува интелигенцијата - сапиосексуалност. Токму оваа определеност добива огромна популарност.

 

определба


Оние кои се идентификуваат со сапиосексуалноста ја гледаат интелигенцијата на една личност како нивната најважна карактеристика.

Терминот стана познат во 2014 година, кога страната за пронаоѓање партнери „OKCupid“ ја прошири листата на сексуални ориентации со кои нејзините корисници би можеле да се идентификуваат. Помеѓу новите сексуални определби како асексуален, демисексуален, хетерофлексибилен, хомофлексибилен, пансексуален, се најде и сапиосексуален. Меѓутоа терминот за прв пат бил употребен во 2002 година во блог пост од корисник.

До средината на октомври беше создадена апликација за пронаоѓање партнери „Sapio:Intelligent Dating“. Во описот седи дека ова е еволуција во апликациите за пронаоѓање партнери каде физичката и интелектуалната привлечност се ставени на еднакво ниво.

Со слични карактеристики како „Tinder“, корисниците одговараат на прашањата: „Кое е твоето најголемо достигнување?“ или „Што би му кажал на 15 годишниот себеси?“ - со цел да откријат која личност им одговара и со истата да разговараат.

Уште од 2014 година, околу 9.000 корисници на „OKCupid“ се идентификувале како сапиосексуалци.

Меѓута постојат и такви кои не се толку убедени и дискутираат за тоа дали привлечноста кон интелигенцијата може да се квалификува како сексуална ориентација. Тие велат дека ова е едноставен начин да се исклучи лице врз основа на нивната класа и способност.

„Да се биде со некој кој е интелигентен и едуциран или привлечноста кон интелигенцијата не е сексуална ориентација. Тоа се лични преференции“, велат оние кои не се согласуваат со сапиосексуалноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука