Нов, неодолив вкус завладеа со градот!
Мекиците од Стража денес го проширија менито со новиот Blues Burger King, или како што кратко ќе си го нарекуваме BB King. Kомбинацијата од 100% телешко месо, крцкав помфрит, домашно лепче, зеленчук и сочен сос веднаш ќе Ве освои. За уживањето да биде уште поголемо, добивате и специјална претпразнична зделка во периодот од 22 до 31 декември – со секојкупен BB King следува ексклузивен блузон “Blues Legends”од врвен квалитет за половина цена.
Мекиците од Стража се бренд кој од 1942-та година го задоволува вкусот и на најпребирливите гурмани. Ресторанот своето име го добива по првичната локација, а нивните беспрекорни рецепти од пред неколку години се уживаат и во Скопје и Гостивар.
Побрзајте и вкусете го бургерот кој ќе направи да заборавите на сите останати!