После успешното отворање на ресторанот во Скопје, наскоро се отвора и нов ресторан во Гостивар! Третиот локал од омиленото место за појадок, ручек и вечера ќе се најде на најатрактивната локација во градот, пространо на 100 квадратни метри и во прекрасен ентериер, кој веќе стана препознатлив за брендот, со свој дел од ѕидовите резервиран за кралевите на блузот како ББ Кинг, Ерик Клептон, Бади Гај и др. Музиката секако, ќе биде комбинација на џез и блуз како совршено надополнување на топлиот амбиент, нешто што веќе е заштитен знак на брендот.
Освен што посетителите ќе можат да уживаат во врвно подготвената храна, ќе можат да ги купат и новите производи на Мекиците од Стража – брашно под истоимениот бренд, како и свежите јајца - Златно јајце и јуфките - Златни Јуфки.
До крајот на оваа година, Мекиците од Стража планираат отворање на уште еден локал во Скопје, а потоа ќе се оди и во останатите градови во Македонија. Во наредните две години се планираат вкупно 10 локали, со што ќе се покрие домашниот пазар. Со ваквите планови, Мекиците од Стража во следните една до две години ќе отворат околу 80 до 100 нови работни места!
Постои и голем интерес од странски компании за партнерство со Мекиците од Стража и изнесување на брендот надвор од границите на државата како интернационален бренд.
Гостиварчани веќе ги подготвуваат сетилата за супер гурманско уживање, а има и зошто - Мекиците од Стража доаѓаат во градот!
комерцијален текст