X
 22.12.2016 Технологија

Мрачно и анонимно – тука се крие виртуелниот пазар на криминал


Употребата на интернетот е вообичаена работа и секој има слободен пристап до него. Но, постои и таканаречен длабок и мрачен интернет каде што може да се пристапи преку посебни софтвери. Овој мрачен интернет се претвори во дигитално царство на криминалците и терористите, а безбедносните служби речиси и да немаат шанса да се борат против криминалот скриен во овој виртуелен простор.

Човек облечен во црно скришно работи на компјутер.

Длабоко, мрачно, анонимно – на такво место, на интернет, е скриен виртуелниот пазар на криминал. Сè е на продажба, дури и животот.

„И човечкиот живот има цена, значи и професионалните убијци се изнајмуваат по цена од 200 долари нагоре, за да ликивидираат некого и тоа професионално, без никаква трага. Потоа постојат разни групи кои снимаат малтретирање на луѓе, а сето тоа се пренесува во живо. Често се купува оружје, сите видови опијати. Може да се изнајми и хакер“, вели Игор Франц, професор на Универзитетот Метрополитен.

Меѓу најпосетените дигитални соби се тие каде се кријат педофилите. Не се ретки ни медицинските истражувања врз киднапирани луѓе. Сите тие мрачни умови скриени во виртуелна темнина, всушност претставуваат реална опасност. На dark net-от се приклучени и голем број полицајци во потрага по престапниците.

„Главен проблем за полицијата и безбедносните служби кои се борат против овој криминал, всушност е шифрираната заштита што тешко се пробива и оневозможува геолокација на компјутерот и идентитетот на лицето“, вели Владимир Радуновиќ од Дипло фондацијата.

„Неопходна е соработка на сите земји од светот“

Затоа е неопходна полициска соработка, буквално помеѓу сите земји од светот.

„Одделението за сузбивање на високотехнолошкиот криминал при МВР, минатата година учествуваше во акција на ФБИ кога беа уапсени 62 сајбер-криминалци ширум светот. Во акцијата учествуваа 19 држави, а на територијата на Србија беа уапсени три лица. Уапсените од сите континенти се осомничени за кражба на електронски податоци и други злоупотреби со кои се оштетени повеќе од 10 милиони луѓе ширум светот “, се наведва  во соопштението на српското МВР.

Ретка светлост во таа мрачна мрежа, според зборовите на експертите, се „свиркачите“. Имено, на dark net-от беа скриени и строго чувани тајни,  кои низ базите на податоци на Викиликс, им беа откриени на јавноста.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија