X
 16.05.2023 Живот

Дали сте подготвени за најдобриот летен камп за СТЕМ-едукација?

Дали сте спремни за неверојатно патување во магичниот свет на науката, технологијата, инженерството и математиката?

IQ UP! летниот камп за СТЕМ-едукација е тука да ве води на возбудлива авантура!

IQ UP! ви нуди уникатен 10-дневен летен камп за деца од 5 до 10 години, со мултидисциплинарна програма во која се интегрирани сите области од СТЕМ-едукацијата, со литература, географија, програмирање и роботика за деца.

Преку уникатна и иновативна методологија ги поттикнуваме детските умови да размислуваат, да решаваат проблеми, да создаваат иновативни решенија и да ја разбудат својата креативност и имагинација.

Овој летен камп е исполнет со возбудливи патувања и запознавање различни дестинации, интересни експерименти, истражувања, мозочни вежби, интерактивни игри, научни приказни, програмирање на дигитални проекти и забавни предизвици од областа на роботиката.

Роботика за деца

Нашето ново другарче, роботот Такобот (TacoBot) ги кани вашите деца да ни се приклучат во нашата летна авантура каде што ќе патуваме, сонуваме, истражуваме, експериментираме и создаваме неверојатни проекти.

Роботчето Такобот е спремно да ги предизвика и забавува вашите деца со многу предизвици и патувања. Ова е идеална можност за нив да ги развиваат своите вештини во областа на роботиката, инженерството и програмирањето додека се забавуваат и истражуваат.

Во рамките на нашиот IQ UP! летен камп децата ќе имаат можност да ги програмираат и да ги контролираат движењата на својот робот, да ги решаваат предизвиците со помош на логика, програмирање и тимска работа и да се забавуваат со секој нов успех.

Ова е искуство што ќе ги натера вашите деца креативно да размислуваат, да развиваат вештини за решавање проблеми и задачи, логика и да работат во тим додека се справуваат со предизвиците.

Географија

Со IQ UP! летната школа вашето дете ќе биде член на една фантастична екипа од мали научници и истражувачи кои ќе го откријат светот преку игри, експерименти, истражувања и изуми. Од првиот ден ќе се потопат во бура на знаење и неверојатни можности, како вистински капетани на своите умови.

Во нашата летна школа вашето дете ќе се запознае со магични дестинации - од пирамидите во Египет до прекрасните плажи во Австралија, од непроодните џунгли во Амазон до ледените области на Антарктикот.

Нашата програма ќе ги одведе децата на вистинско патување низ времето и просторот. Ќе ги истражуваме најголемите светски чуда, ќе се запознаеме со природни феномени, културни споменици и историски наследства од сите континенти.
Децата ќе добијат можност да ги испитаат научните аспекти на овие чуда, да ги изучат нивните географски и историски аспекти, и да ги разберат научните принципи.

Освен што ќе учиме за светските чуда, ќе се запознаеме и со различните култури и традиции на народите од секој дел на светот. Ќе се запознаеме со музиката, уметноста, архитектурата и храната кои ги карактеризираат различните култури.



IQ UP! летната школа им нуди вашите деца една незаборавна можност да станат истражувачи на светот, да го прошират своето разбирање и да го откријат потенцијалот кој лежи во нив.

ПРОГРАМИРАЊЕ за деца

IQ UP! летниот камп е овде да ги воведе децата во основите на програмирањето, преку посебна и мултидисциплинарна програма, во која програмирањето е интегрирано како дел од програмата во која е опфатено изучување на природните науки, технологијата, математиката, роботика, географија и литература.

Програмирањето не само што им дава на децата можност да играат со компјутерски кодови, туку им отвора врата кон безброј креативни и иновативни решенија. Од првите линии на код до креирањето свои игри, апликации и роботи, вашите мали програмери ќе имаат можност да ги поминат границите на своите моќни умови.

Преку интерактивни и забавни активности, нашите експерти ќе ги воведат вашите деца во светот на програмирањето. Тие ќе ги научат основите на логиката, алгоритамите и решавањето проблеми, што ќе им помогне да развијат критичко мислење и креативност.
Какви придобивки имаа децата од изучувањето на програмирањето?
 
Развива логичко и критичко мислење
 Поттикнува креативност и иновативност
 Го засилува решавањето проблеми
 Ги развива тимскиот дух и соработката
 Ги подготвува за технолошкиот напредок и развој на дигитални вештини.

IQ UP! летниот камп со програмирање е идеална можност за вашите деца да ги искористат своите креативни потенцијали и да се запознаат со една од најважните вештини за иднината.

ЛИТЕРАТУРА

Во мултидисциплинарната програма на нашиот летен камп литературата за деца е интегрирана како дел од концептот во кој се изучува наука, технологија, географија, програмирање за деца и роботика.
Преку интерактивни приказни, научни авантури на нашите ликови Оливер, Биби и Боби, децата патуваат и ги осознаваат светот и науката на забавен и интересен начин.
Со IQ UP! летниот камп вашите мали борци за знаење ќе станат вистински мајстори на буквите и науката!

Летниот камп ќе трае 10 дена, секој ден по 4 часа.

Запишете ги денес и овозможете им квалитетна едукација.
Времето и местата се ограничени, затоа не одложувајте!

Контактирајте нѐ во IQ UP! училишниот центар што е најблиску до вас:
IQ UP! Аеродром – 070 382 269
IQ UP! Карпош – 078 887 889
IQ UP! Велес – 075 380 443
IQ UP! Прилеп – 071 308 446
IQ UP! Охрид – 078 249 507
IQ UP! Кавадарци – 075 448 873
IQ UP! Кичево – 071 777 939
IQ UP! Штип – 079 324 249
IQ UP! Радовиш – 070 226 489

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот