Лос Анџелес новата година ја пречека доста интересно. Без никој да забележи, некој успеал да го промени култниот знак „Hollywood“ во „Hollyweed“ - „weed“ е збор кој се користи за трева, односно марихуана.
Засега никој нема преземено одговорност, вели полицијата на Лос Анџелес. Веројатно случајот е веројатно последица откако во Калифорнија оваа година станува легално рекреативното користење на марихуаната.
Како што велат луѓето, ова не е
првпат. Имено, пред 41 година на 1 јануари 1976 година, кога Калифорнија го прифатила олеснувањето на некои законски одредби за користење на марихуана, студенттот Дени Фангуд, го променил знакот во „Hollyweed“, а го има променето и во „Holywood“ и „Ollywood“.