X
 02.01.2017 Живот

Месечен хороскоп за јануари 2017 година

Погледнете што ѕвездите ви предвидуваат за претстојниот месец.

 

хороскоп

 

Овен


Љубов - Овој месец им одговара на оние парови кои се подготвени да се посветат еден на друг и кои сакаат да го продлабочат односот со саканата личност и повторно да започнат романтичен и сензуален однос во нивната врска. Марс, владетелот на вашиот знак и Венера, владетелот на партнерските односи, ќе бидат заедно во транзит низ Риба, што ќе донесе некоја форма на повлекување во вашиот мал, љубовен свет.

Работа - Транзитот на вашиот владетел Марс, но и на владетелот Венера низ полето на потсвеста и тајните, ќе се манифестираат на повеќе начини во овој сегмент. Некои од вас ќе бидат насочени кон своите планови, додека други ќе бидат преокупирани со проекти на кои ќе мораат да им го подарат целото внимание, додека некои ќе се грижат размислувајќи дали соработниците им работат позади грб.

Здравје - Евидентни проблеми со имунитетот.

Бик

Љубов - Вас и вашиот партнер воглавно ќе водите заеднички интереси, ќе бидете подготвени да се прилагодите еден на друг и сигурно повеќе ќе работите на емотивната поврзаност. За да не се повлечете целосно во вашиот дом и да го поминете месецот малтретирајќи се во кревет, ви се советува да го збогатите вашиот социјален живот - почести излегувања, дружење со пријателите и слично.

Работа - И покрај ретроградноста на Меркур, кој е владетел на вашето поле на работа и пари, пред Биковите би можело да претстои доста успешен месец. Во првиот дел од месецот работите ќе течат побавно, меѓутоа и тоа како успешно. Во текот на другиот дел од месецот некои од вас ќе започнат профитабилни проекти, и ќе ја подобрат својата финансиска ситуација.

Здравје - Јануари ви носи одлична здравствена ситуација.

Близнаци

Љубов -
И самите сте свесни дека во вашите емотивни или брачни релации неопходно е да направите некои промени за и двајцата да функционирате и да напредувате како пар. процесот на вашето преиспитување започна веќе во декември, кога голем дел од вас мораа да си признаат себеси дека постои голема шанса за некои проблеми во односот да сте виновни вие.

Работа
- Овој месец може да се подели во два сегменти: првиот кој ќе трае до 11 јануари и во кој воглавно ќе имате чувство дека не постигнувате ништо конкретно или дека добивате ветувања од сите страни, додека реализацијата целосно изостанува. Вториот сегмент се движи од 12 јануари, а полната Месечина во знакот на Рак и вашето поле на пари и работа ќе ви отвори нова можност.

Здравје - Пад на имунитетот и губење на енергијата.

Рак

Љубов
- Првиот дел од јануари ви носи вообичаен доста конкретен однос со партнерот или саканата личност. Ќе бидете во одлична хармонија со целото семејство и ќе имате уште подобар емотивен однос со партнерот. За слободните Ракови претстои одличен период на дружење, излегувања и флертувања.

Работа - Експанзија во плановите за патување во странство како и засилена соработка со странците. Можност за почести патувања, но и шанса да реализирате некои од многуте ваши проекти. Некои шанси, кои сте мислеле дека ви се „лизнале“ од раката повторно ќе дојдат до вас.

Здравје - Здравствената ситуација ќе биде променлива.

Лав

Љубов
- Не е овој месец ни малку лош за оние кои имаат емотивен или брачен партнер. Со оглед на тоа што во декември бевте час во фазон „се сакаме“, час во фазон „не можеме да се поднесеме“, овој период добредојдена ќе ви биде промената која вас и вашиот партнер и тоа како ќе ве поврзи. Искористете ги предностите на овој месец и уживајте во обновувањето на вашиот однос.

Работа - Ова е месец во кој ќе ја расчистите и архивирате документацијата и кога ќе средите некои ситни обврски кои не сте стигнале да ги завршите. Одржувајте контакт со соработниците кои ви се важни. Во овој период немојте да повлекувате некои поконкретни потези, почекајте да заврши еуфоријата околу празниците па после фрлете се на работа.

Здравје - Обрнете внимание на настинките и внимавајте да не „закачите“ грип.

Девица

Љубов - Во текот на целиот јануари, Марс и Венера ќе транзитираат околу вашето поле на емотивно партнерство и брак. Не постои подобар момент за целото внимание да го посветите на саканата личност, дури и ако не бидете целосно подготвени на тоа. Во текот на првиот дел од месецот ќе сфатите дека е време да ги средите вашите емотивни релации.

Работа - Работниот месец кој е пред вас би можел да биде прилично добар и покрај ретроградноста на владетелот на вашиот знак, Меркур, во текот на првиот дел од месецот. Овие денови ќе ги поминете во празнично расположение, но ќе направите и неколку значајни повици и ќе се сретнете со бизнис партнери.

Здравје - Одлична здравствена состојба во текот на јануари.

Вага

Љубов
- Марс, владетелот на партнерски односи и Венера која владее со вашиот знак, заедно во јануари транзитираат низ знакот Риба - вашето поле на секојдневие, обврски и одговорност. Иако оваа енергија не ви одговара целосно, тоа не значи дека вие и вашата сакана личност не можете да напредувате во вашиот однос. За слободните Ваги ги очекува неверојатна страстна љубовна афера.

Работа - Во текот на овој месец нагласено е вашето поле на работни секојдневија, обврски и одговорности. Можете да направите доста за напредување на односите со луѓето со кои работите, но и многу повеќе ќе се посветите на работните задачи. Искористете ги празниците за да се одморите бидејќи вториот дел од јануари ќе бидете доста зафатени.

Здравје - Енергијата која ја носи овој месец нема да ви одговара.

Шкорпија

Љубов -
Венера, владетелот на партнерски односи и Марс, владетелот на вашиот знак во текот на овој месец ќе транзитираат заедно што значи дека ова е вистински момент да ја крунисате вашата љубов со брак. Некои од вас ќе бидат во платонски однос, задоволни што во близина сте во друштво на личност која е нивна тајна љубов.

Работа - Иако јануари за Шкорпиите е плоден месец, сметајте дека во неговиот друг дел ќе мора да функционира многу посериозно и поодговорно отколку претходно. Првиот дел од јануари е одличен за преиспитување на вашите планови, да направите пресвртница и промена во работата, да ги контактирате вашите партнери и да направите долгорочна организација.

Здравје - Променлива здравствена ситуација и пад на имунитетот.

Стрелец

Љубов
- Во текот на првиот дел од месецот постојат големи шанси вашата сакана личност и вие да го подигнете односот на повисоко ниво, па на големата врата да ја пуштите љубовта, нежноста и грижливоста во вашите брачни релации. Нешто што во претходниот период сте го ставиле „под тепих“ сега е време да го ставите на дневен ред.

Работа - Првиот дел од јануари Стрелците треба да го искористат за да проверат она што го правеле во претходниот период - средување на документацијата и архивирање на важните документи, како и контакти со соработниците. Важно е некои состаноци и договори да ги потврдите и да внесете ситни промени во она веќе што сте го договориле со партнерите.

Здравје - Движете се повеќе и внимавајте на исхраната.

Јарец

Љубов
- Нагласеното поле на комуникација, преку транзитирањето на Марс и Венера, ќе ги донесе Јарците во емотивни врски и бракови и ќе им даде можност за однос со саканата личност или брачниот партнер. Слободните Јарци ќе бидат во контакт со повеќе личности - некои со кои повеќе време ќе бидат во комуникација со што може да излезе и некоја љубовна врска.

Работа - Првиот дел од месецот воглавно е резервиран за планови, обидувања да ги организирате вашите работни обврски како и комуникација со луѓето кои имате намера да ги унапредите или да започнете одредена соработка. Некои помали, но доста убави финансиски можности ќе ви се случат во текот на овој период. Останатиот дел од месецот ви донесува поголема активност и повеќе ангажман.

Зравје - Можно е да настинете.

Водолија

Љубов -
На Водолиите во емотивните врски и брачни партнерства во текот на овој месец ќе им биде потребен мир, усогласување, разбирање со саканата личност. Малку се уморивте во текот на декември, па сега жалите што бевте толку нервозни и што не покажавте доволно внимание кон личноста која ја сакате и вистински се подготвувате да ѝ надоместите.

Работа - Низ вашето поле на работа и пари во текот на целиот месец ќе транзитираат Марс и Венера, што ќе ви даде посилна иницијатива и амбициозност и ќе ви донесе доста добра можност која ќе знаете и умеете да ја искористите. Овој месец може да унапредува и вашиот финансиски сегмент, бидејќи ќе се средат долговите и заостанатите плаќања.

Здравје - И сами ќе сфатите дека внесувањето на калории ви пречи се' повеќе и повеќе.

Риби

Љубов
- Низ вашето поле на личност ќе транзитираат Марс и Венера. Бидејќи во текот на овој месец ќе се спојат иницијативата и грациозноста, акцијаата и големата посветеност, љубовта и вниманието - вистински момент е да ја искористите предноста и да ги унапредите и поправите односот со саканата личност.

Работа -
Драги Риби, и официјално влеговте во периодот кога во работниот сегмент навистина ќе ги промените работите на подобро. Марс и Венера во вашиот знак делуваат заеднички и ви донесуваат вистинска мерка за ангажираност, амбициозност, и иницијатива. Во превод - ќе ги шармирате сите соговорници и ќе ги убедите да ги прифатат сите ваши идеи, креативни решенија и предлози.

Здравје - Поради присуството на Марс во вашиот знак ќе бидете склони кон трошење на енергијата повеќе од било кога.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот