13.01.2017
Живот
ЖАРЕ СЕ ПРЕСЕЛИ: Го остави Скопје за Пехчево!
Еден на Еден ќе не изненадат со сосема различна епизода оваа сабота. Жаре и екипата беа неколку дена во Пехчево и подготвија врвно шоу со локалците. Многу јадење, пиење, смеење, добри и лоши страни на тоа да се биде жител на оваа општина - сето тоа спакувано во еден телевизиски час кој мора да го погледнете.
Сабота, 14 јануари во 19 и 15 часот на Телма. Гледајте ги уникатните пехчевски авантури на Жаре и Еден на Еден!