X
 19.01.2017 Наука

Нова метода: Во Украина родено првото бебе со три родители

Првото бебе во светот, зачнато со пронуклеарен трансфер, нов начин на вонтелесно оплодување во кое наместо стандардни два, учествуваат три донатори, родено е во Украина на петти јануари.


Девојчето кое го доби претходно неплоден пар, сепак не носи ДНК материјал од три лица, пренесува „BBC“. Тим од клиниката „Наѓа“ во Киев оплодил мајчина јајце клетка со спермата на таткото, па потоа комбинираните гени биле пренесени во јајце клетка земена од трет донатор, па така детето има генетски материјал од своите родители, со мала количина на ДНК од друга жена.

Ова девојче, иако е прво зачнато и родена токму со оваа метода, не е првото „модерно бебе со три родители“ на светот, бидејќи минатата година во Мексико е родено дете кое е зачнато со малку поразлична метода. Методот на вонтелесно оплодување со пронуклеарен трансфер е применет во Украина и е развиен за на жените кои би можеле да пренесат сериозни генетски аномалии, наречени митохондријални болести, да им се помогне да добијат здраво дете.

Киевскиот тим, користел техника која вклучува собирање на јајце клетки од мајката чија митохондрија е нездрава и донаторски јајце клетки со здрава митохондрија, за лечење на неплодноста, а не пар кој има болест на митохондријата, пишува британски Тајмс. Научниците кои го воделе процесот, истакнале дека се одлучиле на тој чекот бидејќи кај парот не успевал вообичаениот начин за вонтелесно оплодување. Методата е нова и контроверзна и поставува етички прашања, како на пример, како детето ќе се чувствува заради фактот дека има ДНК од три лица.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука